Дали сте слушнале за луѓе-химери или луѓе со две ДНК?

Луѓе – химери, наместо една ДНК во телото имаат две. Во себе можат да носат туѓи гени со години, додека случајно не ја најдат оваа чудна мутација.

Во биологијата химера се нарекуваат животинските или растителните организми кои се состојат од генетски различни ткива. Оваа појава е почеста кај растенијата отколку кај цицачите. Денес постојат околу педесет случаи на човечки химеризам.


Химеризмот кај луѓето може да се развие во неколку случаи, како природни така и вештачки. Во првите спаѓаат ембрионски процеси кои се јавуваат за време на бременоста. Две оплодени јајце клетки можат да станат една, со што ќе создадат двојна ДНК. Потоа, постои двоен химеризам кај близнаците, кога хетерозиготните близнаци, заради спојувањето на крвните садови, ги пренесуваат своите клетки еден на друг. Последната варијанта на природен химеризам е мајчиниот микрохимеризам. Се случува ако клетките на бебето навлезат во крвотокот на мајката.

Што се однесува до вештачкиот химеризам, тука се работи за трансплантологија. При трансплантацијата на органите важно е организмот да стане еден вид химера, за да не го исфрли новиот орган. Се случи еден многу интересен случај кога на еден човек болен од сида му е пресадена коскената срцевина за да се излекува од една болест. Тој неочекувано бил излекуван од двете болести. Се покажа дека неговиот донатор е носител на генот кој обезбедува отпорност на двете болести, со што е пренесен на примателот заедно со коскената срцевина.

Химеризмот е насока во медицината која треба да се изучува, бидејќи нејзиниот потенцијал е едноставно неисцрплив.




Коментари

коментари