Категории

Дали сте среќни? Денес е Меѓународниот Ден на Среќата, ширете насмевки и позитивна енергија

Во светот полн со различности и поинакви перспективи, воопшто не е ни зачудувачки фактот што за оваа убава емоција наречена среќа, има толку многу гледишта и дефиниции.

За некого среќа претставуваат насмевките на најблиските, за друг уште едно дочекано изгрејсонце, делењето на креветот со саканата личност, омиленото јадење, луксузот и парите, малите гестови кои пак, друг не ги ни забележува.

Како и да е, не постои погрешно гледање на среќата, едноставно таа не познава норми и стандарди, ја чувствуваме и не обзема разубавувајќи ни го секојдневието.

На Меѓународниот Ден на Среќата, 20 март, сакаме да ве потсетиме дека имате безброј причини да бидете среќни, секој ден.

„Среќата не може да поседува, истроши, заработи, носи или консумира. Среќата е духовно искуство, живеејќи ја секоја минута со љубов, благодет и благодарност“. Денис Вајтли

Бидете среќни за овој момент. Овој момент е вашиот живот“. Омар К.

„Најголемиот подарок кој може да го дадете некому е среќата“. Абрахам Хикс

„Најдете место во себе кое содржи радост, таа радост ќе ја изгори болката“. Џозеф Кембел

„Клучот за успех во животот е да бидете среќни, а среќата сама по себе ќе ви донесе успех“. Диего Вал

„Не дозволувајте некој да си отиде од вас без да се чувствува подобро и посреќно“. Мајка Тереза

„Кога ќе се разбудите наутро, помислете каква привилегија е да се биде жив – да дишеш, да размислуваш, да уживаш, да сакаш“. Маркус Аурелиус

„Среќата не е во нештата, таа е во тебе“. Роберт Холден

„Бидете среќни со она што го имате. Бидете возбудени за она што го посакувате“. Алан Коен

„Не можете да судите што треба да ги радува другите, како што не можат ни другите да судат што треба да ве радува вас“. Алан Коен

За нас, тимот на Среќа.мк и happiness.marketing нема поголема среќа од вашите секојдневни посети, пофалби и критики за нашата работа кои ни укажуваат дека сме на вистинскиот пат. Патот кон успехот и среќата.