Дали сте вистински заљубени или само сакате? – Прашање на кое конечно го имаме одговорот

Сите знаеме дека чувствата можат да бидат доста комплицирани, па – како да знаеме дали се во прашање само пеперутки во стомакот или вистински сте се заљубиле?

„Кога ќе се заљубите, често се работи за идеализирање на некоја личност“ – вели докторката Клои Кармајкл, терапевтка за врски од Њујорк. „Меѓутоа, љубовта е повеќе од тоа.“

На оваа тема која ги интригира поетите, уметниците, научниците – и генерално сите луѓе од настанокот на светот до денес, зборуваат врвните стручњаци од од една научна установа.

Тие споделуваат дека ова се најважните знаци кои укажуваат на тоа дека се работи за љубов:

-Вашите чувства не избледуваат со времето
-Му го посветувате целото внимание на личноста
-Зборувате за се кога сте заедно, сакате вистински да ги запознаете
-Лесно правите заеднички планови
-Отворени сте еден спрема друг затоа што довербата е темел на врската
-Дури и кога имате обврски ако ги правите заедно ви стануваат забавни
-Сакате да ги запознаете со вашето семејство
-Нивниот проблем станува и ваш приоритет
-Сакате да му укажете на тоа колку ви значи
-Не глумите „тешки за освојување“
-Сексуалната привлечност не поминува и после долго време
-Сексот не ви е се во врската
-Знаете што за нив значи „љубов“, за различни луѓе овој збор има различно значење
-Сакате само да поминувате време покрај нив
-Имате исти или слични сексуални апетити
-Кога не се согласувате околу нешто, вашиот однос не се менува
-Се грижите за нивните интереси и хобија
-Знаете на што сте, не играте љубовни игри, јасно ви е како вашиот партнер ве гледа и доживува
-Не се чувствувате лошо ако едниот од вас не е расположен за секс




Коментари

[fbcomments]