Дали сте во Јо – Јо врска? 4 показатели дека вашиот однос не води никаде!

Постојат врски кои се обидуваме да ги „оживееме“, но едноставно не функционира. Тоа се таканаречените „јо-јо врски“. Еве зошто ним не им е судено да успеат. Земете воздух и продолжете понатаму.

Мислите дека нештата ќе се променат

Ова е една од главните причини зошто остануваме во лоша врска. Да, работите можат да се променат, но не едоволно само да го посакувате тоа туку и да преземете конкретна акција. Ако двата партнери не се подготвени да го променат она што влијае врз распаѓањето на врската, таа нема да опстане.

Навикнати сте на него

Тешко е да се одвоите од сигурниот партнер, особено ако ви е првенствено пријател кој ви дава поддршка и секогаш е тука за вас. Во вакви ситуации сте убедени дека некој друг сличен веќе никогаш нема да запознаете, но грешите. Среќата понекогаш е во ризикувањето. Важно е само вие да бидете подготвени да се впуштите во нови познанства.

Болката е составен дел од секоја врска? Тоа не е нужно

Да, секако дека ќе се карате, препирате, понекогаш и ќе си кажете некој погрден збор, но тоа не треба да биде главен образец на вашиот однос. Постои голема разлика помеѓу паровите кои знаат и не знаат да се караат – овие првите покажуваат почитување и кога се лути, а другите не бираат зборови ни постапки. Доколку вашиот партнер постојано ви покажува дека не ве цени, време е конечно да му кажете збогум.

Доколку вие сте кривецот

Во врската составена од двајца луѓе, ретко кога за проблемите е одговорен само едниот. Но, доколку вие сте тие кои направиле кардинална грешка, не можете ништо друго да направите освен да се извините и да ја објасните својата постапка. Потоа другата страна ќе мора да одлучи дали ќе може да помине преку тоа или не.




Коментари

коментари