Чек дис аут
Search


Дали сте во врска со сексуален нарцис?

Дали би можеле да бидете во врска со сексуално нарцисоидна личност?

Сексуална нарцисоидност вклучува преголемо фокусирање на своето тело. За жал, луѓето кои имаат карактеристики на сексуална нарцисоидност се фокусираат само на сопствените задоволства, па партнерите на овие луѓе имаат чувство како да се запоставени нивните задоволства. Тие имаат лажна самопочит. Во состојба се да чувствуваат силна возбуда кога ќе го видат своето тело. Според мислењето на стручните лица, тешко е да се биде во врска со ваква личност бидејќи таа ќе се фокусира само на своите потреби.
Меѓутоа, ваквите мажи се во главно атрактивни, сигурни, храбри и во очите на жените имаат многу карактеристики на идеален партнер. За жал, во праксата се испоставува дека тоа е само првична слика, а реалноста е поинаква.
Мажите со сексуален нарцизам во врска не се многу загрижени за другата половина и не се чувствителни на потребите на другиот. Разговорот со ваков партнер најверојатно нема да донесе резултати, затоа што неговите потреби се во прв план.

Постојат неколку карактеристики кои покажуваат дека се работи за сексуален нарцис:

Потреба да се грижи за својот изглед
Тие имаат постојана потреба да се гледаат во огледало за да проверат дали изгледаат добро. Не може да пројдат пред продавница или огледало, а да не го погледнат својот лик. Постојано проверуваат дали косата е во ред и дали облеката е совршена. Ова однесување може да биде многу иритантно за личноста која живее со нарцис.

Себичност
Сексуалните нарциси во врска се себични. Тие се грижат само да ги задоволат своите потреби. Потребите на партнерот не ги сметаат.

Недостаток на емпатија
Сексуалните нарциси не можат да сочувствуваат со состојбата на партнерот и не обрнуваат внимание на неговите емоционални и физички потреби.

Прекумерна контрола
Сексуалниот нарцис иако не е заинтересиран за вашите потреби, тој обожува да владее врз вас и да ја има контролата.

Супериорно чувство
Ова чувство доминира кај луѓето кои се склони кон сексуален нарцизам. Тие се чувствуваат подобри во однос на другите. За жал, ваквото однесување ги прави тие кои се во врска со ваква личност да се чувствуваат полошо.

Неможност за создавање на траен однос
Сите особини на овие луѓе го отежнуваат создавањето на траен однос. Никој не сака да се чувствува отфрлено и да ги задоволува само потребите на партнерот. Тоа е нездрава врска која е подобро да се заврши на време. Не смеете да си дозволите да бидете во инфериорна положба и да заборавите на своите потреби.

 




Коментари

коментари