Категории

Дали сте зависник од кафе? – Ова е главниот симптом

Доколку сте една од оние личности кои обавезно го започнуваат својот ден со шолја кафе, тоа не мора да значи дека сте зависни од овој напиток. Но еве кои показатели зборуваат дека всушност сте..

Најчестиот симптом на недостаток на вообичаената количина утринско кафе е главоболка. Воглавно е со среден интензитет и трае ден-два откако ќе престанете со внесување на кофеин. Ако сакате да се одвикнете од кофеинскиот напиток, непријатноста можете да ја очекувате во текот на наредните неколку денови, после што тегобите ќе исчезнат сами од себе.

Кофеинот е силен стимуланс, брзо пристигнува до мозокот и ги блокира аденозинските рецептори кои се задолжени за успивање. Затоа после утринската шолја кафе чувствувате налет на енергија и имате чувство дека ви е полесно да се сконцентрирате. Тоа помага полесно да ги извршувате зададените обврски, кои бараат зголемена концентрација. Но кофеинот има и лоша страна. Тоа помеѓу другото е чувството кое ве обзема кога ќе ја прескокнете својата „вообичаена доза“.

„Ако кафето го пиете редовно, однапред очекувате зголемена мозочна активност после утринската шолја. Кога нема да го испиете, имате чувство дека сте „омалаксани“ и без енергија. Освен тоа, кофеинот може да предизвика и зависност, затоа што кога нема да го добиете она на кое сте се навикнале, се чувствувате уморно и нервозно. На кафето можете да се „навлечете“ за само три дена редовно конзумирање.“ – изјави Мери Лорин од Универзитетот во Охајо.

Симптомите се силни ако сте пиеле огромни количини кафе па одеднаш сте престанале со него. Но се појавуваат и кај оние кои пијат по една шолја кафе во текот на денот. Минималната количина кафе е доволно за главоболката потполно да исчезне, па ако сакате да престанете да пиете кафе, имајте во предвид дека само една голтка во почетокот може да го ублажи непријатното чувство.

Прегледи:
683
Објавено на:
23.10.2020