Категории

Дали сте знаеле дека сливата е мултивитаминска бомба?

Совршената комбинација од витамин Ц, витамин Е и витамин Б6, вклучувајќи и други витамини го даваат совршениот сооднос, правејќи од ова вкусно овошје вистинска мултивитаминска бомба.

Покрај витамините плодот на сливата содржи 84% вода, 0,6 % белковини, 10% јагленихидрати и 2,1 грам растителни влакна, како и железо, етерични масла, калиум, магнезиум, калциум, минерални соли, органиски киселини, феноли, целулоза и шеќер.
Благодарение на пектинот, сливата е одлично овошје за регулација на варењето, но во народната медицина се користи и за многу други работи. Ова овошје е одличен диуретик, помага во чистењето на организмот, помага при зголемено ниво на холестерол во крвта како и кај болести на срцето и крвните садови, регулира проблеми со бубрезите и мочните патишта, го подобрува имунитетот, ги смирува нервите, помага при стрес, депресија и губење на помнењето, ја подобрува состојбата на кожата, има ефект кај астма, анемија, бронхитис, грипови и настинки, ревматски заблувања, целулит, па дури и некои видови на рак.
Плодот е богат и со бета каротен, фолна киселина и минералите калциум, фосфор, калиум, магнезиум, натриум, железо и бакар. Бакарот меѓу останатите важи за најзаслужен за добрата работа на срцето и црниот дроб. Покрај другото, сливата содржи и јаболкова киселина.
Денес се познати околу 2000 видови сливи (жолти, зелени, модри, црвени). Најзначајни и најкорисни се сортите Prunus domestica или Европска слива и Prunus salicina или Јапонска слива.