Категории

Дали сте знаеле за овие браќа и сестри на славните?

Иако сите сте слушнале за славните личности кои се на оваа листа, ретко кој од вас знае дека тие имаат помалку славни или пак воопшто непознати браќа и сестри.

А, ние денес ви откриваме кои се тие и со што се занимаваат додека нивните славни браќа и сестри ги полнат киносалите и концертните арени.

Даг Пит и Бред Пит

Даг Пит е три години помлад од својот славен брат Бред, а е познат по својата работа во хуманитарни организации. Тој е успешен бизнисмен и филантроп, кој од 2010 година е прогласен за Амбасадор на добра волја за Танзанија.

Антонија Кидман и Никол Кидман

Една од најубавите холивудски актерки, Никол Кидман, има подеднакво убава сестра, Антонија, која што е новинарка и телевизиска презентерка во Австралија.

Џејмс Хевн и Анџелина Џоли

Џејмс Хевн, син на актерот Џон Војт и Марчелин Бертранд, исто така планираше да стане актер. Иако се откажа од актерската кариера, тој има одиграно значајна улога во кариерата на својата сестра. Тој дури ја има добиено и наградата “Џорџ Лукас” за најдобар студентски филм, во кој главната улога ја имала Анџелина.

Алекс Вотсон и Ема Вотсон

Ема Вотсон има доста симпатична машка верзија на себе си, а тоа е нејзиниот брат Алекс. Тој досега два пати се има појавено како статист во филмовите за Хари Потер, но потоа реши да ја продолжи својата кариера како модел.

Хантер Јохансон и Скарлет Јохансон

Скарлет има брат близнак, Хантер, кој редовно го носи на црвениот тепих заедно со неа. Тој исто така е актер, но досега нема некои славни улоги. Откако се откажал од актерството, тој почнал да се занимава со политика, а бил дел од кампањата за реизбор на претседателот Барак Обама во 2008 година.

Ли Ен де Вет и Том Круз

Постарата сестра на Том Круз, Ли Ен, беше главна ПР менаџерка во тимот на својот брат. Но, оваа приказна заврши за кратко, па сега тие се гледаат само во Сиентолошките кругови.

Моника Круз и Пенелопе Круз

Ова е можеби најславната сестра на оваа листа, бидејќи Моника е подеднакво популарна актерка во Шпанија како и својата постара сестра. Неодамна, тие заедно лансираа и моден бренд.

Наташа Лоу и Џад Лоу

Постарата сестра на Џад, Наташа Лоу, е славна англиска писателка и графичка дизајнерка.

Лизи, Викторија и Роберт Патисон

Лизи и Викторија се постарите сестри на актерот Роберт Патисон. Лизи е пејачка и композиторка, додека Викторија е успешна бизнисменка.

Мајкл Качер и Ештон Качер

Братот близнак на Ештон, Мајкл Качер, боледува од целебрална парализа и имал операција за пресадување на срце кога бил мал. Моментално, тој е заштитно лице на организацијата “Reaching for the Stars” која им помага на жртвите на оваа болест.

Линда Лопез и Џенифер Лопез

Линда е помладата сестра на Џенифер Лопез, која се занимава со новинарство. Исто така, таа е добитничка на наградата Еми во 2001 година за Најдобра водителка на утринска програма.

Џонатан Фирт и Колин Фирт

Џонатан Фирт е англиски актер кој има одиграно значајни театарски улоги, а има и неколку улоги во телевизиски и радио програми.

Прегледи:
395
Ознаки:
·
Објавено на:
22.01.2017