Дали сувото овошје е штетно за нас?

Мора го откриеме овој мит, затоа што е навистина вкусно!

Сите сакаме да консумираме во текот на денот неколку суви сливи, брусница, кајсии… Секако, ова е вистинска одлука, бидејќи на крајот на краиштата, тоа е само овошје, кое е многу подобро од чоколадото. Но, дали е можно да живееме во незнаење и да сувото овошје всушност не е добро за нас?

Зошто НЕ Е добро: Сушеното овошје е во основа свежо овошје на кое му е одземено целата негова вода. Поради отстранетата вода, секое парче овошје е многу помало, што значи дека ќе мора да јадете многу повеќе сушено доколку сакате да постигнете исто чувство на ситост како со свежото овошје. Помислете на тоа на овој начин: можете да ставите многу повеќе суво од свежо грозје во чаша. А митот дека сувото овошје содржи многу повеќе шеќери од свежо овошје во никој случај не е вистина. Едноставно ќе консумирате повеќе овошен шеќер од чаша суво грозје отколку од чаша свежо грозје. Сосема логично.

Зошто Е ДОБРО за вас: Сè уште е многу поздрава опција за ужина отколку чипс и чоколадни колачиња. Здравите калории и растителните влакна веднаш обезбедуваат енергија, па затоа спортистите често земаат сушено овошје за време на тренинзите. Накратко, ако јадете сушено овошје во умерени количини – препорачана порција е четвртина чаша – и купете ја без додаден шеќер, ќе бидете во прилично добра форма.




Коментари

коментари