Категории

Дали тиквата е овошје или зеленчук?

Ги консумираме речиси секојдневно, во чорби, колачи, смуди, а исто така и како дел од негата за убавина како маски и пилинзи за тело. Дали и вие сте се се запрашале – дали тиквата е всушност овошје или зеленчук?

Би имало смисла да се помисли дека портокаловата боја на тиквата прави таа да е зеленчук. Нејзиниот заоблек облик, благо слаткастиот вкус и фактот дека совршено одговара во секоја тепсија за печење како подгототовката на вкусните тестенини но тоа може да ве наведе да крив пат. Освен тоа, тиквата како и останатите овошја не можеме да ја јадеме како овошна салата. Значи, ако го согледаме сето ова би дошле до заклучок дека тиквата припаѓа кај зеленчуците. Но, мораме да ве изненадиме дека таа всушност е овошје.

Што претставува овошјето?
Спрема ботаничарите, овошјето се развива во цветови од билки и содржи семе. Голем број кувари од друга страна би рекле дека овошјето е се што е слатко и што го прави совршено за десерти како што се пити и колачи, но не треба да бидете научник за да сфатит дека ова овошје не е вредно за десерти.

Што претставува зеленчукот?
Зеленчукот кој има сладок вкус се дефинира како  дел од билката кој се јади и во себе нема семе. Тоа вообичаено содржи стебло, корен, свет, и листови. како што се зелката, карфиолот, компирот. Тиквата лесно може да не доведе до заблуда.

Зошто тогаш тивките се рачунаат за овошје?
Бидејќи плодовите кои се сметаат за овошје содржат во себе семе, а тиквата е преполна со семки, тоа се класифицира во редот на овошја. Освен тоа, тиквата се смета за џиновска бобинка а бобинките се по дефиниција месести, кашасти овошја со семки. За се да биде уште поинтересно не е осамена во оваа приказна. Авокадото, патлиџанот, пиперките и доматите исто така спаѓаат во овошја иако често се именуваат како зеленчуци.

Прегледи:
439
Објавено на:
05.11.2020