Категории

Дали тој е со вас само поради секс?

Дали некогаш додека сте со партнерот сте размислувале за тоа што тој сака и каде сето тоа води?

Секако дека сте, секоја жена размислува за овие нешта и нема потреба за лажење. Да ви ја олеснеме ситуацијата, престанете со размислувањето и побарајте ги овие седум знаци.

Дали ве бара само кога немал секс подолго време?
Ако покрај себе имате маж кој ве бара само кога некое време била „суша“ тогаш е само секс во прашање. Не се обидувајте да се убедите себеси во спротивното. Доколку му се допаѓате на мажот, ќе ја искористи секоја прилика да ви се јави или да ви испрати порака затоа што не може да ве исфрли од глава.

Како се однесува после сексот?
Што прави? Дали брза да оди некаде? Ги навлекува панталоните и го преминал прагот пред да успее да ги врзи врвците? Тогаш тоа е само секс, нема сомнеж.
Сепак не дозволувајте да ве залаже „мачор кој сака да се гали цела ноќ“ тип на маж. Можеби само го прави тоа за да избегне поважни прашања.

Колку всушност се познавате?
Двајца луѓе кои сакаат долга врска прво се грижат за тоа добро да се запознаат. Дали има браќа? Како се викаат? Дали има домашен миленик?
Од друга страна постојат мажи кои ќе ви кажат за себе се само за да ви се провлечат во панталони. Тие се извежбани играчи. Прашањето е: Дали таа приказна е вистинита или само добро извежбана лага? Внимавајте со ваквите мажи, дури и откако ќе прекинете се, ќе одржува контакт со вас само за да го задоволи сопственото его.

Дали сте направиле „разговор“?
Еден од најдобрите начини да откриете дали е повеќе од секс е да го направите „разговорот“. Морате да го направите. Морате да го прашате дали сака да биде во моногамна врска или сака да бидете пријатели со бенефиции. Ако избегнува тема, сака само секс.
Ако мажот сака да бидете пријатели со бенефиции речете му: „Тоа значи дека ми е дозволено да се гледам и со други луѓе, зарем не?“, ноншалантно, кратко и ефективно. Ќе добиете свој одговор.

Дали би можеле да бидете заедно без секс?
Ако вие и вашата играчка можете да излезете и да се забавувате без секс, тогаш тоа дефинитивно е повеќе од секс. Не велиме дека се заљубува во вас (можеби ве гледа само како пријател) но дефинитивно е повеќе од секс.