Дали треба да го смените презимето по разводот: Дали подобра судбина носи моминското или презимето од екс – партнерот?

Неодамна се разведов, дали е подобро да го вратам моминското презиме ? Ова прашање често го поставуваат многу жени на нумеролозите, пишува Lovesensa.

Да, одговараат тие кои си играат со броевите. И по правило ќе влијае позитивно. Главно правило е дека она име кое е блиску до вашето време на раѓање е поповолно за вас. Се разбира, постојат исклучоци – ако го менувате името, поради “природни” причини како што се брак, посвојување и слично- можете да добиете уште подобар нумеролошки тек. Сепак, не е добро да се менува ниту името или презимето со “вештачки” мотив – да добиете поволна комбинација на броеви. Ако во знак на љубов жената го земала презимето на сопругот, по раскинувањето на брачната заедница, жената многу полесно ќе се пронајде себе си доколку си го врати моминското презиме.

Извор : Македонија денес 




Коментари

коментари