Категории

Дали вашето ментално здравје е во сериозна криза – Симптоми кои укажуваат дека ви е потребен одмор

Каков живот и да водите, каде и да работите, без разлика колку години имате – можете да се чувствувате исцрпени. Не мора нужно да е резултат на физички труд. Заморот може да биде, а најчесто е, ментален, емоционален.

Доколку имате некој од следните симптоми, очигледно е дека сте во фаза која нема да помине сама од себе и која долгорочно може да му наштети на вашето здравје. Затоа, мора да научиме да ги идентификуваме знаците на исцрпеност и да преземеме чекори додека има време, без разлика дали се работи за драстична промена на средината или професионална помош.

1. Постојано се чувствувате уморни
Чувствувате дека ниту еден сон или кафе не може да ве натера да се чувствувате подобро. Вашето ниво на енергија достигна најниско ниво и се чини дека не се подобрува.

2. Лесно се нервирате
Дури и ситниците ве нервираат. Околу себе гледате само негативност и постојано се чувствувате иритирано. Ги губите нервите поради тривијални работи. Многу сте чувствителни и поради тоа се чувствувате безнадежно

3. Ви недостига мотивација
Во последно време се чувствувате како да сте ја изгубиле вербата во животот. Се чини дека ништо не ве мотивира да се обидете да живеете подобро. Немате волја да ги завршите работите и постојано се борите да најдете мотивација.

4. Секогаш доцните
Ништо не ви е важно, па сега се чини неважно и непотребно да се биде точен. Веќе немате време за себе, чувствувате и некаква изолација и не ви е грижа што правите и што мислат другите за тоа.

5. Доживувате напади на анксиозност
Бидејќи и најмалите работи ве нервираат, нападите на анксиозност станаа секојдневие. Станувате непотребно загрижени и уште повеќе се чувствувате уморни и исцрпени

6. Чувствувате мачнина и летаргичност
Овие симптоми се знаци дека сте премногу уморни и ви треба одмор. Вашиот ум и тело доживуваат ментален и емоционален слом поради прекумерен стрес

7. Плачете без причина
Бидејќи и најмалите ситници те засегаат, вие сте растргнати. Со ментална и емоционална исцрпеност, ја губиме способноста да се справиме со предизвикувачки ситуации. Ова го зголемува стресот, а солзите се само производ на сета болка што ја чувате во себе

8. Не можете да спиете правилно
Тешко ви е да заспиете иако се чувствувате психички, физички и емоционално исцрпени. Не е можно да ги смирите мислите и да заспиете. Кога конечно ќе успеете да заспиете, се будите среде ноќ без причина.

Прегледи:
213
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
09.12.2021