Категории

Дали вашето прејадување е предизвикано од стрес?

Веројатно ви е познато следново сценарио – вашата рака несвесно ја отвара фиоката и зема ќесичка чипс или чоколадо кое сте го ставиле за „подоцна“. Чувствувате наплив на еуфорија, а потоа чувство на вина, а после тоа сте пак под стрес..

Овој циклус е тешко да се прекине, особено кога голем дел од нездравите грицки и слатки вистински го намалуваат нивото на кортизок (хормонот на стрес) во нашиот крвоток и (привремено) го намалуваат нивото на стрес. Баш поради тоа упорно се враќаме на нездравата храна секој пат кога чувствуваме дека сме под голем притисок.

Решение? Понекогаш е доволно едноставно да се потсетиме дека грицките ги сакаме кога се наоѓаме во стресна ситуација и всушност не сме гладни. Ако оваа едноставна метода не ви помага, обидете се со следните трикови.

Пијте нешто со цимет
Ако во вашата кујна имате шолја, малку врела вода, стапче цимет и лажица мед, всушност имате се што ви е потребно да ја скроти желбата за слаткото наречено стре. Клинички е докажано дека циметот го одржува стабилно нивото на инсулин, поради што слободно додадете лажица во утринското кафе или подгответе зачинет индијски Chai.

Прошетајте
Следниот пат кога ќе почувствувате глад предизвикана од стрес, досада, тага или некоја друга емоција, обидете се да излезе од домот или работното место малку прошетајте. Вежбањето испушта енфорфин кој ја стимулира релаксацијата, додека свежиот воздух на природен начин го намалува нивото на стрес.

Излупете мандарина
Едноставниот чин на лупење на мандарина може да биде доста опуштачка техника. Кога лупите мандарина или некој друг цитрус, морате да престанете со сето она што го правите и да ги ослободите двете раце. Додатно помага и фактот дека мирисот на ова овошје предизвикува чувство на мир, а токму тоа може да ве спречи да навалите на онаа чоколада во вашата кујнска фиока или работна маса.

Размислувајте долгорочно
Истражувањата покажуваат дека чувството на задоволство кое произлегува од конзумирањето „храна за утеха“, трае 3 минути. Обидете се да го запомнете овој број, и следниот пат да ја спречите желбата настаната за нешто слатко така што ќе се запрашате себеси што ќе ви го подобри расположението на период подолг од 3 минути?

Размислувајте стратешки
Размислувајте за храната во која вистински уживате – се работи за чоколадо,сладолед, чипс, зарем не? Независно од вашиот одговор, дозволете си ја таа храна еднаш или два пати неделно, и немојте да се задоволувате со оние „лоши“ алтернативи кои се достапни на секој чекор.

Прегледи:
521
Објавено на:
24.05.2020