Дали вашето тело ве предупредува дека јадете премногу слатко?

Вашиот организам сам ќе ви каже дали претерувате со внесувањето на јагленихидрати, особено со шеќерите.

Доколку ви се појавуваат некои од овие симптоми, тогаш веројатно сте претерале со конзумирањето на слатки и десерти

Ако постојано добивате на тежина или не успевате да ослабите
Ова е знак карактеристичен за они особи кои се физички доста активни и јадат здрава храна. Меѓутоа, односот помеѓу мактронутрициентите не е добар – претеруваат со јаглените хидрати и тоа со шеќерите.
Ова се однесува особено на оние кои забележуваат гојазност во пределот на струкот – тоа значи дека во организмот се насобира маст која е особено опасна затоа што ги обвива внатрешните органи.

Имате проблематична кожа
Честото појавување на акни и мозолки може да биде поврзано со гликемиската исхрана. Изразените акни избиваат и ако јадете премногу млечни производи или намирници полни со заштитени масти а најчест виновник е шеќерот.

Често имате кариес
Постои јасна врска помеѓу оние големи количини на слатка храна и кариес на забите која на многумина им е позната. Меѓутоа, она што многумина не го знаат е дека скробот има сличен ефект- компирот е намирница која исто така треба да ја конзумирате ограничено.

Ви недостига енергија
Телото реагира на глукозата во крвотокот откако ќе ги свари простите јаглени хидрати. Тоа чувствува бран на енергија кој не трае долго. После него следи пад па затоа често се чувствуваме речиси малаксано и поспано после оброкот полн со јаглени хидрати.

За организмот е особено опасно ако имаме периоди на гладување после кои следи оброк полн со шеќери – тоа е како на некој ролеркостер на кого никако не може да се воспостави равнотежа.




Коментари

[fbcomments]