Дали врската на далечина е осудена на пропаст?

Спрема истражувањата, верувале или не, таквите врски имаат дури 58% шанси за успех

Помислата на љубов на далечина на многумина им звучи како приказна која е однапред осудена на пропаст, но истражувањата зборуваат поинаку. Верувале или не, таквите врски имаат дури 58% шанси за успех. Едно истражување покажало дека партнерите се поблиски и поповрзани поради оддалеченоста и често комуницираат и подобро се запознаваат.

Во истражувањето учествувале 1000 личности кои имале емотивна врска на далечина. Дури 81% признале дека нивната средба со партнерот или партнерката била поинтимна и поинтензивна, додека 55% од паровите рекле дека оддалеченоста ги зближила повеќе. 69% од испитаниците почесто и подолго разговарале со партнерите кога биле одвоени. 8% тврдат дека модерната технологија е заслужна за успехот на нивната врска на далечина.
Овие парови во просек поминуват осум часа неделно во разговор, обичен или видео позив, а за тоа време разменуваат 343 пораки.




Коментари

[fbcomments]