Категории

Дали животните имаат чувства? Овој мал слон плачел 5 часа откако бил отфрлен од својата мајка

Врската помеѓу мајката и своето чедо е една од најмоќните сили на светот. Тоа е нешто најчисто, нежно, силно, храбро, истрајно и посветено.

Но, понекогаш новороденчињата остануваат сами. Токму тоа се случило и со ова слонче. Неговата мајка го отфрлила по раѓањето, го прегазила, но за среќа преживеал.

Сепак, персоналот во природниот резерват „Шиндијашан“ за диви животни во Кина кои му ги излекувале раните верувале дека станува збор за несреќен случај и откако ги санирале повредите, повторно го вратиле кај мајката. Но, за жал таа го нападнала повторно и поради тоа го одвоиле од неговата мајка засекогаш. Кутриот слон плачел цели 5 часа поради тоа и покрај сите напори на персоналот да го развеселат.

 

„Слончето беше многу вознемирено и плачеше пет часа. Тој не можеше да се соочи со разделбата од неговата мајка и покрај тоа што таа се обидуваше да го убие “. Фотографијата од него како плаче со вцрвенети очи и главата спуштена надолу, го крши срцето!

Одбивањето од самото раѓање предизвикува кај слоновите тешка психолошка вознемиреност. Тие треба да пораснат во стабилни.

Слоновите живеат во матријархално општество, така што другите женки во социјалната група, исто така, му помагаат на новороденчето по раѓањето. По некое време, и ова слонче се привикнало и сега живее среќен живот. Тој денес е посвоен од чуварот кој го спасил во резерватот за диви животни во Шендијаошан.

Прегледи:
1061
Објавено на:
16.01.2020