Дали знаете дека сушарата може да собере повеќе алишта отколку што мислите?

Ако и вие сте дел од луѓето кои ги сушат алиштата на сушара, тогаш сигурно имате проблем да ги сместите сите алишта на истата. Една корисничка на познатата платформа Reddit открила трик кој постојано го користи за нејзината сушара да собере повеќе алишта.

Овој нов метод веќе се рашири низ сите друштвени мрежи. Имено, нејзиниот трик се состои во тоа што користи штипки за алишта и наместо алиштата да ги префрла преку жиците на сушарата – таа едноставно ги закачува и така добива многу повеќе простор. На повеќето оваа идеја им се допаѓа, особено кога се во прашање помалите алишта како блузи, маици, здолништа… Но, некои тврдат дека овој начин на сушење на алиштата не е многу препорачлив затоа што помеѓу истите има многу малку простор и тие побавно се сушат.




Коментари

коментари