Категории

Дали знаете која е разликата помеѓу привлечниот маж и оној со прекарот “папучар”?

Еден од најголемите проблеми кај паровите е всушност неусогласеното либидо, со кое управуваат токму хормоните.

Па така, жените најчесто преферираат секс навечер, додека за мажите би било идеално сексот да биде рано наутро.

И како што се вели дека жените се од Венера, а мажите од Марс, нова секс-студија на британската компанија Lovehoney покажува дека мажите и жените функционираат и во различни временски зони. Всушност, околу 68 отсто од жените и над 63 отсто од мажите биле во врска со некој кој немал компатибилно либидо со нивното, пишува The Independent.

Луѓето најчесто мислат дека проблемот лежи во тоа што некој сака повеќе, а некој помалку секс во една врска, но причината може да биде сосема едноставна – партнерите се расположени за секс во различен период од денот.

Ова го потврдува и студијата во која учествувале повеќе од 2.300 парови, според чии резултатите поголемиот дел од жените се расположени за жешки игри во вечерните часови, додека мажите најмногу енергија и желба имаат рано наутро.

Конкретно, сексуалната желба кај жените е во својот врв во 23 часот и 21 минута, а кај мажите тоа е во 7 часот и 54 минути наутро.

– Постои голема разлика за тоа во кој период жените и мажите сакаат секс, а таа разлика ја диктираат хормоните, заклучува водачот на студијата, Ричард Лонгхерст.

Сепак, додека повеќе од 50 отсто од мажите велат дека нивната сексуална желба е речиси постојана, за околу третина од жените таа зависи од моменталното расположение.

Прегледи:
150
Категории:
Љубов и секс
Објавено на:
16.01.2016