Дали знаете што значи ако се наежите додека слушате музика?

Додека слушате музика, има ли посебен дел во песната кој прави вашата кожа да се наежи? Можеби ве потсетува на одреден момент од минатото, или можеби се пронаоѓате во текстот?

Ако сте меѓу оние кои ќе се наежат кога ќе слушнат одредена група на акорди во некоја песна, тогаш истражувачите велат дека имате поразличен мозок. Истражувачите од универзитетот Харвард испитале мала група од 20 студенти, од кои 10 признале дека имале почувствувале ежење додека слушаат музика, а 10 учесници кажале дека сè уште не го искусиле тоа. По испитувањето на мозокот на сите учесниците, Метју Сах, водечки истражувач, открил дека оние што почувствувале ежење додека слушале музика имаат различна структура на мозокот од оние што не го искусиле тоа. Наодите покажале дека првата група имала погуста количина на влакна што го поврзуваат аудитивниот кортекс (одговорен за слухот) со пределот на мозокот што ги активира емоциите, во споредба со втората група. Ова значи дека ако чувствувате силни емоции кога слушате музика, тогаш имате и многу поинтензивни емоции.

 

Студијата исто така разгледала различни фактори, како што се пол, етничка припадност, IQ, јазични разлики, музички тренинзи и личност, но резултатите останале исти.




Коментари

коментари