Дали знаете за овие промени? Еве кои делови од телото со годините растат, а кои се смалуваат!

Косата со тек на време станува бела и добиваме брчки, што е сосема нормално, но некои делови од телото потполно го менуваат обликот!

1. Носот станува поголем

Во текот на животот, кај поголемиот дел од луѓето носот се зголемува, а причината е следна: ткивото, мускулите и ‘рскавицата околу носот го менуваат обликот. На возраст помеѓу 50 и 60 години доаѓа до најголемите промени на носот – врвот на носот оди малку надолу.

2. Колковите се стеснуваат

Жените, а посебно оние кои имаат типично женствено тело, заклучиле дека со тек на годините струкот се шири, а колковите се стеснуваат. Сепак, можеби тоа изгледа така само визуелно, дека кога струкот ќе се прошири, колковите автоматски изгледаат потесни?

3. Трепките стануваат пократки

Додека на возраст од 20 илои 30 години имаме трепки на чија должина многумина ни завидуваат, влакната со тек на годините стануваат сѐпократки. Причина за тоа честопати се најразличните алергии, недоволната нега или пореметената функција на тироидната жлезда. Како и да е, трепките со сигурност стануваат потенки и пократки со тек на годините.

4. Стапалата се зголемуваат

Всушност, стапалата не стануваат подолги, туку посплоснати. Лигаментите и тетивите во стапалата стануваат со годините понестабилни, па стапалото се издолжува и шири. Што значи, со тек на време може да се случи да носите дури и два броја поголеми стапала.

5. Отпечатокот на прстите се менува

Од разни филмови сме научиле дека нашиот отпечаток на прстите нѐ прати цел живот. Научниците од Калифорнија, во 2015. година го докажале спротивното. Истражувале отпечатоци од околу 15.000 луѓе и така откриле дека нашите отпечатоци можат да се сменат низ годините.




Коментари

[fbcomments]