Дали знаете зошто невестите го фрлаат бидермаерот?

Пролетта пристигна, а со неа и новата сезона на свадби. Во овој период од годината најголем дел од вљубените парови се одлучуваат да ја крунисаат својата љубов подготвувајќи се за еден од најсреќните денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Свадбата се поврзува со голем број традиции и обичаи кои се менуваат во зависност од местото на живеење. Кај нас, една од најголемите традиции која воедно претставува интернационална традиција е фрлањето на бидермаерот. На овој начин, се верува дека девојката која ќе го фати бидерамерот на невестата е идната невеста.

Од каде потекнува овој обичај и што значел во минатото?

Корените на овој обичај датираат многу одамна кога се верувало дека невестата носи среќа, во што се верува и денес но не во толкави размери. Имено, пред стотина години, се сметало дека ќе имате среќа доколку ја допрете невестата, а уште поголема среќа ќе ве прати доколку успеете да земете дел од нејзината венчаница или велот.

За да се избегнат овие непријатности за невестата и опасноста да и биде искината венчаницата или велот, младите луѓе почнале да ги фрлаат своите букети, за да го оттргнат вниманието од себе поттикнувајќи ги гостите да го фатат цвеќето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


За среќа, гостите со воодушевување го прифатиле фаќањето бидермаер, за кое исто така се верувало дека носи среќа во љубовта, односно дека личноста која ќе го фати следна ќе заплови во брачните води.

Денес, тоа е традиција присутна буквално на секоја свадба која на интересен начин создава забава преку борба за букетот.

Свадбите се прослави создадени со една цел – славење на љубовта и среќната иднина на двајца вљубени. Токму затоа, кога избирате место за вашата свадба, треба да обрнете внимание на неколку фактори кои се клучни за успешна и весела свадба.

Локација

Локацијата е особено важна, затоа што на вашата свадба доаѓаат гости од сите страни на градот, па така би било најдобро локалот да се наоѓа во централното подрачје на Скопје. Хотелот Континентал ја има совршената локација која што е лесно достапна за гостите од било кој крај на градот. Покрај одличната локација, Хотел Континентал располага со голем паркинг без да се грижите каде ќе го оставите вашиот автомобил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Избор на сала или летна градина

Хотелот Континентал располага со шест сали и две градини кои се совршени за одржување на вашата свадбена прослава. Поради доаѓањето на пролетта и летото свадбите на отворено се најдобриот избор, а танцувањето под ѕвездите е незаборавно. Во зависност од бројот на гости и вашите можности, градините се прилагодени за помал и поголем број на гости, адаптирајќи го просторот според вашите замисли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Голем избор на менија

Храната е особено важна кога станува збор за свадбената прослава. Хотел Континентал ви стои на располагање со дури шест различни менија, нудејќи вкусни специјалитети и пијалаци. Секое мени е адаптирано според вашите потреби и можности, па поради тоа со сигурност со задоволство ќе изберете едно за вашиот посебен ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Останати придобивки

Покрај одличната локација, совршениот простор и мениа, Хотел Континентал со секоја свадба нуди уште многу изненадувања за младоженците. Професионална фотосесија, снимање и фотографирање на целата свадба, аранжирање на целата сала, невестинска торта, соба за младенците, како и свадбено викенд патување во Грција.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hotel Continental Skopje (@hotelcontinentalskopje) on


Доколку сѐ уште ја немате закажано вашата свадба, нема потреба да се двоумите повеќе, бидејќи Хотел Континентал ви нуди сѐ што ви е потребно за да ја имате својата свадба од соништата, единствен третман и услуга кои ќе ви овозможат да се чувствувате посебно на вашиот ден.




Коментари

коментари