Дали знаете зошто пасошите се произведуваат само во 4 бои и кое е нивното значење?

Дали некогаш сте се запрашале зошто пасошите може да бидат само црвени, сини, зелени или црни? Изненадува фактот дека бојата на пасошот не зависи од уредувањето на државата од која доаѓа, но сепак не е случајно избрана.

Најголемиот број на држави користат сина или црвена боја за својот национален документ иако постојат многу различни нијанси. Географски, историски, па дури и религиските одлики го одредуваат изборот на бојата на пасошот.

Што можеме да заклучиме за бојата на овие драгоцени документи? Најчесто дека се работи за националниот идентитет.

Црвени пасоши

Темно црвена боја најчесто имаат земјите од Европска унија и оние земји кои сакаат да и се приклучат, бидејќи сакаат да се прилагодат на стандардите на унијата (како на пример Турција). Темна црвена имаат и Боливија, Колумбија, Еквадор и Перу, како и Швајцарија која има иста боја на пасош како и знаме.

Сини пасоши

Овој пасош е типичен за карипските држави (кои сочинуваат заедница од 20 држави), како и државите од Новиот свет. Сини пасоши имаат и Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај. Морнарско син пасош има САД и тоа уште од 1976. година, иста сина боја како онаа на знамето.

Зелени пасоши

Оваа боја на пасош ја користат помоглемиот дел од земјите каде што граѓаните во најголем дел се исламска вероисповед, бидејќи зелената боја е важна за нивната религија. Оваа боја исто така ја користат и некои афрички држави како Нигерија и Сенегал.

Црни пасоши

Црни пасоши имаат Боцвана, Замбија и Нов Зеланд – а црната се смета и за една од националните бои во овие држави. Без обзир на економскиот и геополитички профил на државата, пасошот многу повеќе говори за идентитетот на народот на кому му припаѓа. За некои тој претставува бариера, а за други предност.




Коментари

коментари