Дали знаете: Зошто Венеција има канали?

Мошне чудно чувство го обзема човекот кога ќе се најде во град во кој повеќето „главни улици“ се канали! Но, за разлика од другите градови, улиците на Венеција- каналите, постоеле пред да биде изграден градот!

Венеција е изградена на тињести наноси што ги сочинуваат повеќе од 100 мали острови во лагуната на Јадранско море. Сите куќи се изградени на столбови забодени во калта. Помеѓу наносите се наоѓаат тесни делови на морето што ги сочинуваат прочуените венецијански канали.

Во овој град сообраќајот се одвива со чунови или пешки. Во стариот дел на градот не е дозволен сообраќај со автомобили или товарни коли. Постојат голем број тесни улици и мали мостови што ги спојуваат каналите. И сегде се гледаат чамци што се наречени „гондоли“. Гондолиерот стои на задната платформа и гондолата ја држи со долго весло. Венеција е мошне стар град, но е град кој шири позитивни вибрации.




Коментари

коментари