Категории

Дали знаевте? Ова се 4 места на телото каде што парфемот најдолго трае!

Сигурно сте забележале дека кај некои личности парфемот трае со часови, додека кај вас набргу исчезнува. Но, не е поентата во количината на парфем, туку во местото каде што го нанесувате.

Местото каде што се преклопува раката

Поради тенката кожа под која се наоѓаат многу вени, ова е идеално место да ставите парфем кој ќе се прошири на целото тело и долго ќе трае.

Позади колената

Одлично место поради истата причина како кај рацете.

Хидрирана кожа

Иако не станува збор за одредено место на телото, добро е да се знае дека на кожата на која претходно обилно сте ставиле хидратантна крема без мирис, парфемот се чувствува многу поинтензивно и трае подолго.

Позади уши

На ова скриено место парфемот ќе се задржи подолго, бидејќи не е секогаш изложен на ветар или вода, а згора на тоа секоја личност со која ќе се поздравите ќе почувствува колку убаво мирисате.

Прегледи:
420
Објавено на:
22.04.2019