Категории

ДАРКО РУНДЕК И ЕКИПА КОНЕЧНО ВО ОХРИД OPEN- AIR!

ДАРКО РУНДЕК И ЕКИПА КОНЕЧНО ВО ОХРИД OPEN- AIR! Во прилог го имате официјалното соопштение од Авалон за овој настан!

 

„ХЕРОЈОТ НА НАШЕТО ВРЕМЕ ДАРКО РУНДЕК КОНЕЧНО ВО ОХРИД – OPEN AIR!

Драги пријатели,
Како што ви ветивме, продолжуваме понатаму со музика, ширење позитивна енергија и добро расположение. После концертот на Амира Медуњанин задоволство ни е да ви го најавиме нашиот втор проект во Античкиот театар во Охрид. На 15-ти август ќе настапи Дарко Рундек со својата екипа којшто конечно ќе има концерт на вистинското место како што заслужува. Дарко Рундек и Екипа неодамна го најавија новиот албум “Brisani prostor” со два сингла, кои ќе бидат изведени и пред македонската публика, а во Охрид ќе настапи и со сите негови големи хитови како и оние на еден од најкултните бендови во регионот на сите времиња, Haustor.

Инаку, ова ќе биде прв концерт на Дарко Рундек и Екипа во Охрид, а капацитетот за овој концерт ќе биде исто намален, согласно протоколите за одржување на јавни настани на отворено, само за 1.200 посетители, што доволно зборува за неговата екслузивност. Влезниците ќе може да ги набавите онлајн на avalon.mk и продажната мрежа на Авалон низ земјава, по следниве цени и категории:

ТРИБИНИ – 1.000 денари
ВИП – 1.500 денари

Останете во добро здравје и се гледаме на концерт!
Одиме понатаму,
Авалон Продукција”

 

Им посакуваме брзо распродавање на концертот на Авалон и одлична забава на сите кои ќе присуствуваат на концертот!

Прегледи:
567
Објавено на:
13.07.2020