Дарко Тасевски по втор пат е одбиен за виза, иако е избран како најдобар машки натпреварувач да учествува на светското првенство за најдобра атлета на „Кросфит Гејмс“ во САД

Спортот е еден од најдобрите начини да се промовира една држава, да се дознае за неа и да се остварат светски успеси.

Дарко Тасевски како најдобар машки натпреварувач од Македонија добил покана да учествува на годишното издание на неофицијалното светско првенство за најдобра атлета кое се одржува во Висконси. За жал, тој нема да може да учествува на ова престижно натпреварување поради фактот што по втор пат е одбиен за туристичка виза од Амбасадата на САД без разлика што приложил докази дека истата му е потребна за да учествува на Кросфит Гејмс.

 

„Да се одржи натпреварувачка форма не е воопшто лесно и бара секојдневна жртва со години. Подготовките за натпреварувањето ме чинеа неколкумесечни неплатени отсуства од работа, котизација за учество во натпреварувањето и квалификациите, трошоци за апликацијата за виза итн… Сите трошоци се незначителни во однос на разочарувањето и затоа сметам дека организаторот сериозно треба да размисли да ја подобри комуникацијата со администрацијата со цел сите учесници да присуствуваат на натпреварувањето или пак да ја промени локацијата на одржување“, напиша Дарко на својот Фејсбук профил.


Квалитетот на натпреварувањето зависи од бројот на мотивирани атлети од што поголем број земји, а тоа ќе допринесе за поголема конкуренција и промоција на Кросфитот. Се надеваме дека во иднина Дарко ќе има можност без препреки и ограничувања да ја покаже својата физичка подготвеност и да не претстави во најдобро светло во натпреварувањата од ваков вид!




Коментари

коментари