Категории

DAVID GARRETT пристигна во Скопје!

Уште само еден ден не дели до големиот спектакл во А1 Арената „Борис Трајковски“! Подготовките се при крај, а светски познатиот виолинист денеска пристигна во Скопје. “Уште пред да пристигне ни најави дека веднаш сака да направи разглед на Скопје и подобро да го запознае градот, секако му спремивме супер агенда за прошетка денес и утре” – изјавија од Прагма Продукција.

Дознавме дека има и специфични барања околу храната, додека престојува тука, но пред се Garrett изрази желба да ги проба сите наши традиционални јадења, како тавче гравче, турлитава и сл.

DAVID GARRETT, со неговиот албум UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE, е на светска турнеја за заедно со своите фанови да ја прослави 10 годишнина од неговите crossover изведби. Одговарајќи на повиците на неговата група на фанови во Македонија која е се во поголем број, тој за прв пат ќе ја донесе својата спектакуларна crossover програма во Скопје!

“НЕОГРАНИЧЕНО” не е само наслов на турнејата: тоа е неговата лична филозофија во животот. Секој што го познава David Garrett знае дека неговата креативност е неограничена. Со својата страст за музика успеа не само да создаде сосема нова публика за crossover, туку и за класична музика. Неговите изведби на рок хитови како што се “Purple Rain” или “Smells Like Teen Spirit”, неговите верзии на песни како ” Nothing Else Matters ” и “November Rain” , новиот спин на светски познатите поп хитови како “Viva la vida “или” Hey Jude “, како и неговите аранжмани на класични песни како што се Beethoven’s “5th” или ” Clair de Lune ” , ја креваат целата публика на нозе.

За повеќе од една деценија од неговата меѓународна crossover кариера, David Garrett секој нареден пат се надминуваше себеси. Со неговата турнејата “EXPLOSIVE LIVE”, продаде повеќе од 400.000 билети во 20 земји. Paganini меѓу поп-ѕвездите и Jimi Hendrix меѓу виолинистите, David Garrett е “ѓаволски виолинист” од нашата ера, меѓународна суперѕвезда која ги заматува линиите меѓу Моцарт и Металика. Заслужен за равој на модерниот crossover тренд, со неговото исклучително виртуознo свирење, David Garrett е подеднакво свој како во изведбата на најсложените класични композиции со водечките светски диригенти и оркестри, така и во изведба на најпознатите рок хитови. Обожаван од милиони обожаватели низ целиот свет, David Garrett, досега има продадено милиони билети и добиено 24 златни и 16 платинести награди во најразлични земји како што се Хонг Конг, Германија, Мексико, Тајван, Бразил, Сингапур и многу други. Со својата харизма на рок-ѕвезда и вродена виртуозност тоа е еден од најдобрите инструменталисти на нашето време.

Во среда во 21ч не очекува незаборавен спектакл кој не смее да се пропушти! Билетите се скоро распродадени до последен, така што сите што немаат набавено, треба што побрзо да го сторат тоа и да не го пропуштат овој настан без реприза!