Дејвид Бекам има преку 50 тетоважи, а ова е нивното значење!

Дејвид Бекам освен по своите успеси на професионално поле, познат е и по впечатливиот стил – фризурата која ја копираат мажите ширум светот, но и тетоважите, кои на своето тело ги има повеќе од педесет.

Најмногу се истакнуваат тетоважите со имињата на неговите деца. Синовите Бруклин (19), Ромео (15), Круз (13) и ќерката Харпер (6) се инспирацијата за Бекам бидејќи тој го обожава своето семејство. Вкупно пет тетоважи им се посветени токму ним, а најмногу се потрудил да го украси името на својата единствена ќерка Харпер со натписот кој стои над нејзиното име – „Убава дам“ и голеема ружа околу името. На дланката има истетовирано цртеж кој го нацртала токму таа.

Трите рубини кои ги има истетовирано ги претставуваат неговите три синови. И неговата сопуга со која е во брак веќе 19 години, добила свое место помеѓу тетоважите. Н десната рака се наоѓа ластовичка, која го претставува уживањето во животот, но и нејиното име. За неа го додал и бројот „99“ на палецот на десната рака бидејќи се венчале во 1999. година.

Религиските тетоважи исто така заземаат многу простор на телото на Бекам, од цитати од Библијата, ангели, па се до Исус, иако никогаш не се изјаснил како верник. „Perfectio in spiritu“ што значи „Совршен во духот“ е само еден од цитатите кои ги има на своето тело на други јазици.




Коментари

коментари