Дејвид Бекам со нова тетоважа во чест на сопругата

Дејвид Бекам минатата недела повторно го украси своето секси тело. Иако ни самиот најверојатно не го знае точниот број на неговите тетоважи, пензионираниот фудбалер на својата колекција додаде уште една.

Се работи за глава од коњ, која ја истетовира на вратот, а со фотографијата се пофали неговата сопруга Викторија на Инстаграм.

“Неверојатниот уметник Марк Махони. Бакнежи од Лос Анџелес”, напиша под фотографијата.

Иако значењето на тетоважата не е официјално потврдено, се знае дека пејачката и дизајнерка обожава коњи, а неодамна беше забележана како јава на семејниот одмор.

њ2

Новата тетоважа ја смести над написот “Buster”, што е прекар на нивниот најстар син Бруклин, со кој Дејвид е многу поврзан.

њ3

њ4




Коментари

коментари