Категории

Деми Мур не ја нарекуваат без причина кралица на стилот: Ова се нејзините правила за совршен стајлинг!

Комбинациите на облека на Деми Мур се секогаш за чиста 10

На нејзиниот стил, ниту еден моден експерт не може да најде маана. Иако звучи скоро неверојатно, Деми Мур неодамна наполни 57 години. Ништо на неа не ги открива нејзините години.

Нејзината фигура е беспрекорна исто како и нејзиниот стил на облекување. Жените во зрелите години, но и помладите треба да се огледаат на неа. Секогаш облечена по мерка и во тренд, таа знае да го истакне она најдоброто на телото.

Начинот на облекување може да допринесе многу на изгледот. Ако ги изберете вистинските парчиња облека, ќе изгледате неколку години помладо, а Деми е вистински пример за тоа.

 

По овие правила таа секогаш се води:

 

Боја на елеганција

Често можеме да ја видиме во елегантни комбинации во црна боја. Ова е варијанта со која нема никогаш грешка, а црниот костум е полн погодок.

Правилно комбинирање

Ако носи кратко здолниште, горниот дел нема да има длабоко деколте и обратно, тоа е правило по кое таа секогаш се води.

Удобноста е приоритет

Таа сака да се чувствува удобно во она што го носи. „Кога се чувствувате удобно во облеката, тоа исто така влијае и на вашиот изглед“.

Во тренд, но не по секоја цена

Таа сака да знае што е во тренд, но не му робува. Од понудата таа избира што најмногу ќе и се допадне и го прилагодува на нејзиниот стил.

 

Прегледи:
342
Објавено на:
10.02.2020