16 Октомври- Ден на гладта под мотото „Помислете и на нас“

Црвениот крст на град Скопје на 16 Октомври (четврток) во периодот од 11:00 – 12:00 часот, пред платото на Мајка Тереза организира централен настан за одбележување на Светскиот ден на гладта – 16 Октомврии почеток на кампањата по повод овој ден.

На овој настан 150 деца од градинката ЈУДГ Кочо Рацин ќе донираат храна, ќе пеат песнички и ќе создаваат уметнички творби на тема солидарност и помагање на луѓето во неволја со цел да ја пренесат пораката до останатите граѓани.

Во рамки на кампањата која ќе трае до крајот на ноември планирани се и следните активности:

–          Дистрибуција на флаери до повеќе од 1000 компании со повик за учество;

–          Поставување на штандови во повеќе од 30 компании каде вработените ќе се откажат од својот оброк и ќе донираат средства за набавка на храна.

–          Организирање на собирни акции во основните и средни училишта;

Ве покануваме да бидете дел од овој настан и заедно да придонесеме за поголема солидарност меѓу граѓаните.




Коментари

коментари