Категории

Денес е интернационален ден за гушкање вегетаријанци – погледнете ги овие неколку факти за вегетаријанизмот

Иако денес е интернационален ден за гушкање на вегетаријанци, можеби е најпаметно, поради пандемијата, само да ги почестите еден сендвич или салата :) 

Некои луѓе се вегетаријанци поради етички причини, некои поради диететски, а некои бидејќи сметаат дека јадењето месо не е еколошко. Кои од нив се во право? Всушност, сите. Вегетаријанизмот е животен стил, како и прехранбена навика на иднината. Погледнете ги подоле овие интересни факти за вегетаријанизмот!

  1. Вегетаријанската исхрана го катализира процесот на метаболизирање на храната 16% побрзо отколку храната која содржи месо.
  2. Многу истражувања покажуваат дека човековите тела се всушност дизајнирани да бидат хербивори, иако технички можеме да го дигестираме месото. Забите на луѓето не се изградени како забите на месојадните животни, за кинење месо, туку се рамни и тапи, како за сецкање на растителни производи.
  1. Вегетаријанизмот за прв пат се појавува во Грчка и античко Индиска филозофија. Во индија, изворот на вегетаријанизмот е ненасилство кон животните, познато како филозофијата на ахимса. Грците, пак, сметале дека вегетаријанската исхрана има медицински бенефити.
  2. Еден од првите познати вегетаријанци бил грќкиот математичар и филозоф Питагора. Всушност, вегетаријанизмот до XIX век бил нарекуван „Питагорина исхрана“, а дури во XIX век се измислил зборот „вегетаријанизам“.
  3. Вегетаријанската диета нахранува повеќе луѓе отколку месната. На приер, 80% од цела пченка во САД е консумирана од страна на животните кои потоа се убиваат и се прават во месо, а само 20% ја консумираат луѓе.
  4. Вегетаријанската исхрана во голема мера би го намалила загадувањето. Метанските испарувања од страна на изметот на стоката се едни од најголемите загадувачи и уништувачи на озонската обвивка на светско ниво.