Категории

Денес е Меѓународен ден на уметникот: Ве потсетуваме на најубавите мисли на Пикасо

Меѓународниот ден на уметникот, 25 октомври, им оддава почит на уметниците за целиот придонес на овој свет. Овој ден го слави и еден од најпознатите уметници, Пабло Пикасо. Шпанскиот уметник е роден на 25 октомври 1881 година.

Уметниците работат напорно за да го создадат своето дело. Тие додаваат убавина на светот околу нас. Повеќето уметници одлично се снаоѓаат во различни уметности. Зборот уметник ги опфаќа сликарите, фотографите, скулпторите, музичарите, танчерите, писателите, актерите, дигиталните уметници и многу други. Кога некој е роден со креативен ум, таа креативност се влева во многу различни области. На пример, Пикасо бил сликар, скулптор, керамичар, поет и драматург.

Во чест на денот на уметниците и роденденот на Пикасо, ве потсетуваме на некои од неговите најубави мисли:

„Уметноста измијува од душата прав од секојдневниот живот.“

„Секое дете е уметник. Проблемот е како да остане уметник откако ќе порасне.“

„Секоја позитивна работа има и своја негативна страна… генијалноста на Ајнштајн доведе до Хирошима.“

„Ми требаа четири години да сликам како Рафаел, но цел живот за да сликам како дете“.

„Светот не дава никаква смисла, па зошто треба сликањето на слики да дава?“

„Остави го за утре само она кое сакаш да не го направиш пред да умреш.“

„Успехот е опасен. Штом започнете да се копирате себеси тоа е поопасно отколку да ги копирате другите. Тоа доведува до стерилитет.“

„Бог е всушност само уште еден уметник. Ги измислил жирафата, слонот и мачката. Нема вистински стил. Само си продолжува да испробува разни нешта.“

„Компјутерите се бескорисни. Тие даваат само одговори.“

„Треба многу време за да станеш млад.“

„Љубовта е најголемото освежување во животот.“

„Би сакал да живеам како сиромашен човек со многу пари.“

 

Прегледи:
206
Објавено на:
25.10.2021