Категории

Денес е светски ден на гушкање мачиња – погледнете ги бенефициите од интеракција со мачки

Мачињата важат за едни од најобожаваните животни во светот. Тие се слатки, мили, чисти, и ни нудат нам, на луѓето, огромни бенефиции.

Истражувањата викаат дека за многу луѓе, мачките нудат друштво без страв од осудување. Мачињата спречуваат осаменост и депресија, и генерално го подобруваат вашето расположение. Ова е особено важно за луѓето кои живеат сами.

Освен социјалната интеракција и намалениот ризик од патење од социјална исклученост, мачките нудат и други здравствени бенефиции. Позитивните емоции кои ги чувствувате играјќи со маче, помагаат да ви се подобри имуниот систем.

Benefits of interacting with cats

Самата интеракција со мачка, ви дава чувство на комфорт и олеснување од секојдневниот стрес. Грижата за друго суштество ви дава и чувство на битност.

 

interacting with cat

Мачките се паметни и независни, како и природно многу чисти. Ова ги прави совршен миленик за секого.

 

 

 

 

Прегледи:
107
Категории:
Занимливости
Објавено на:
04.06.2020