Денес е светски ден на хумусот – еве лесен рецепт за домашен хумус

Хумус е прекрасно, здраво и лесно јадење, особено погодно за потопло време. Хумусот е многу старo јадење, првите пишани забелешки за него датираат од XIII век. Меѓутоа, со глобализацијата и со тоа што сѐ повеќе луѓе се обидуваат да се хранат здраво и вегански, хумусот во последно време станува сѐ попопуларен.  

Подготовка на наутот

Основната намирница на хумусот е наутот. Ако одите со поевтината варијанта – сув наут, подготовката на хумусот е пожелно да ја планирате однапред, бидејќи наутот мора предходно да кисне. Најдобро е да го оставите да кисне во вода преку вечер. Треба да има околу три пати повеќе воода отколку наут, бидејќи тој ќе набабри. Колку подолго е натопен, толку пократко ќе го готвите. Доколку бил потопен 8 часа, потребно е да го варите околу 1 час, а доколку бил  12-16 часа, ќе може да го варите пократко.

Накиснатиот наут ќе биде набабрен, но нема да омекне. Затоа, се става во тенџере, со вода (може со водата во која што киснел) и сол, и варете го на силен оган. Спремен ќе биде кога ќе можете да го прободете со вилушка.

Доколку сте земале наут во конзерва или тегла со вода, оваа постапка не е потребна – тој наут е веќе спремен за употреба.

 

Рецепт за подготовка на хумус

Потребни намирници:

  • 2 чаши варен наут (ако го подготвувате дома) или конзервиран наут
  • 1/2 чаша таан (паста од сусам)
  • 1/4 чаша маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • сол и бибер
  • сок од 1 лимон

Прво, во блендер или процесор за храна ставете ги таанот и сокот од лимон. Блендирајте околу 1 минута. Понатаму, не е битно по кој редослед ги ставате намирниците, само да се една по една, со по неколку секунди блендирање измеѓу.

На здравје!




Коментари

[fbcomments]