Категории

Денес е светски ден на планетата Земја!

Секоја година повеќе од милијарда луѓе учествуваат во одбележувањето на Денот на планетата Земја. Ширум светот поединци, организации, влади- секој на свој начин превзема мерки за заштита на планетата Земја, главно од негативното влијание на луѓето.

22 април се одбележува како ден на планетата Земја. Овој датум Обединетите Нации го одредиле како ден за борба против нарушување на животната средина. Како најголем празник на планетата Земја, би требало да влијае на сите држави, а и поединци да се вклучат во глобалната акција за ширење на еколошката свест.

Секоја година овој ден се одбележува под различен слоган, па така минатата година слоганот беше „End Plastic Pollution“, а оваа година гласи „Protect our Species“.
Делувањето на човекот на природната рамнотежа ги загрозува сите видови, а многу видови исчезнуваат и покрај напорите на одредени организации да ги зачуваат. Сето тоа се случува заради големото и не контролирано искористување на природните ресурси.
Моментално светот се соочува со најмногу изумирања на видови уште од времето кога од планетата Земја исчезнале диносаурсите, а тоа било пред повеќе од 60 милиони години.
Бројот на птиците, инсектите и приматите секојдневно се намалува, а на многу видови им се заканува изумирање.  Состојбата не е подобра ни кога се работи за морските видови.

Прегледи:
1601
Објавено на:
22.04.2019