Денес е светски ден на помфритот – еве некои факти за помфритот кои не сте ги знаеле

  1. Никој не е сигурен точно од каде потекнува помфритот, но наводно биле користени како замена за риба уште во 1600 година. Локалците во Белгија обично пржеле риба, но на зима реката била замрзната и не можеле да ловат риби, па почнале да пржат компири.
  2. Помфритот се официјализирал како храна кога Томас Џеферсон бил претседател на САД. Тие му биле омилени „грицки“.
  3. Најголемата забележана порција помфирт е сервирана во Игл, Ајдахо во 2014. Порцијата тежела 454 килограми!
  4. Постои цел музеј посветен на помфрит, наречен Friet Museum во Белгија.
  5. Постојат околу 100 различни вида на компири кои се одгледуваат во светот.
  6. Скоро 1/4 од сите консумирани компири во Америка се всушност помфрит. Еден Американец јаде околу 11 килограми помфрит годишно.
  7. Најчестата причина за (гласни) кавги во рестораните била поради што едниот партнер зел од компирчињата на другиот партнер.



Коментари

[fbcomments]