Денес е Светскиот ден на лицата со Даунов Синдром: Облечете шарени чорапи!

Денес се одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, 21 март. Овој ден се одбележува на глобално ниво за подигнување на свеста кај луѓето за лицата со пречки во развојот.

Зошто токму 21-ви март?

Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува токму на 21 март бидејќи март е третиот месец во годината и претставува симболично одбран датум поради трите копии на 21-от хромозом (трисомија 21) што се присутни во клетките на лицата со оваа состојба.

Секој живот вреди подеднакво и затоа од исклучително значење е потребата сите да ги уживаме истите права и убавини во животот. Поинаков не значи и помалку способен, послаб, понесреќен. Токму убавината е во различностите, па затоа денес овој ден им го посветуваме на сите лица со Даунов Синдром.




Коментари

[fbcomments]