Категории

Денес е светскиот ден на Нутела: За таа цел почестете се со слатко задоволство!

Денес се одбележува Светскиот ден на Нутелата, крем од лешник кој денес е еден од најпопуларните “слатки гревови” за сите љубители на чоколадо ширум светот.

Иако Нутела за прв пат излегла во 1964 година, нејзината претходничка, кремот Суперкрема, постоела од 1951 година. Суперкремата е развиена од претходен производ, Пастата Гиандуха, создадена во 1946-та од Пјетр Фереро, основачот на компанијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NU House & Friends (@nuhouseandfriends) on


Главната состојка, лешник, е типичен производ од покраината Пијемонт од кој потекнува семејството Фереро. Сите овие производи биле претходници на овој денешниот, мешавина од чоколадо и лешник развиено во Италија после огромните даноци на какао кои оневозможиле нормално производство на чоколадо.

Течната содржина на производот е строго чувана тајна на компанијата Фереро. Според ознаката на амбалажата, главните состојки на Нутела се шеќер, различни растителни масла, како и лешници и какао (овие состојки сочинуваат само 20% од производот).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NU House & Friends (@nuhouseandfriends) on


Рецептот на Нутела не е ист во сите земји. На пример во Италија таа содржи помалку шеќер од онаа произведена во Франција. Се продава како крем од лешник, бидејќи според италијанскиот закон нема доволно концентрација на какао за да биде чоколаден крем.

Во Италија Нутелата стана културен и социјален феномен. За неа се напишани многу книги, а е важен предмет и во филмот Бјанка, на италијанскиот режисер Нани Морети.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NU House & Friends (@nuhouseandfriends) on


Нутелата е многу популарна и во остатокот од Европа, во Канада, Австралија, Нов Зеланд, Турција, Сингапур, Бразил и Јужна Африка, најмногу кај децата и младите. Помалку е популарна во САД, каде тој производ бил само скап увоз се до 2000-тите.

На Светскиот ден на Нутелата почестете се со слатко неодоливо задовлство во Nu House & Friends кој е лоциран во Skopje City Mall, во делот за храна. Ова е местото каде што ќе може да уживате во најубавите десерти во градот, а по повод светскиот ден на Нутелата, во сите производи денес во Nu House & Friends ставаат дупло нутела!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NU House & Friends (@nuhouseandfriends) on

Прегледи:
472
Објавено на:
05.02.2019