Денес е Светскиот ден на пожарникарите: Да им оддадеме почит за нивната работа и пожртвуваност

Денес во светот се одбележува Светскиот ден на пожарникарите! Овој ден има за цел да им се оддаде почит за нивната работа и пожртвуваноста која ја имаат.


Денот на пожарникарите бил создаден во 1999 година, откако 5 пожарникари загинале трагично за време на пожар во Австралија, кога правецот на ветрот одеднаш се сменил и ги зафати во пламен. Се слави на 4 мај затоа што тоа е ден на Свети Флоријан, а свети Флоријан, за кој се вели дека е еден од првите команданти пожарникари на римски баталјон и спасил многу животи, и исто така се смета за заштитник на пожарникарите.




Коментари

[fbcomments]