Категории

Денес е светскиот ден на животните: Да направиме сѐ светот да стане подобро место за нив!

Светскиот ден на животните се одбележува на 4. октомври, во чест на Франческо Асишки, заштитник на животните. Целта на одбележувањето на овој ден е подобрувањето на статусот на животните за да се унапредат стандардите на нивното живеење на глобално ниво. 

Светскиот ден на животните се одбележува на различни начини на меѓународно ниво, без обзир на политичката идеологија, религија и националност. Преку подигнувањето на свеста и образованието на оваа тема, можеме да создадеме свет во кој животните ќе бидат препознаени како емотивни суштества за чија благостостојба се грижиме сите.

Идејата за светскиот ден на животните е на Хајнрих Цимерман. Тој на 24. март 1925 година ја организирал првата прослава во Берлин. Најпрво одбележувањето на овој ден се организирал во тогашната Чехословачка, Швајцарија, Австрија и Германија. Цимерман секоја година напорно работел на промоцијата на Светскиот ден на животните. Конечно, во мај 1931. година на конвенцијата на еколози во Фиренца, Италија, предлогот на Цимерман светскиот ден на животните да се одбележува на 4. октомври и да биде меѓународно признаен, едногласно е прифатен и усвоен како одлука.

Оттогаш овој ден се прославува како меѓународен ден на животните и ги обединува луѓето кои се заложуваат за што подобар третман на животните и нивната благосостојба.

Со какви предизвици се соочуваат животните ширум светот?

  • Ајкулите имаат многу повеќе причини да се плашат од луѓето отколку ние од нив. Секоја година луѓето убиваат околу 100 милиони ајкули
  • Тестирањето производи на животните веќе долго е составен дел од медицинската и козметичката пракса. За жал, некои лабораториидржат животни во ужасни услови и врз нив извршуваат насилни експерименти, сѐ во име на научните сознанија и иновации.
  • Климатските промени влијаат како врз луѓето, така и врз животните, а уништувањето на шумите е еден од најзначајните фактори кои допринесуваат до тоа. Една од најштетните причини за уништување на шумите е собирањето на палмино масло кое може да се најде во 40%-50% производи од домаќинството. Еден од животинските видови врз кој најлошо влијае овој тренд е орангутанот. Повеќе од 90% од нивните живеалишта се уништени последниве две децении.
  • Други животни кои страдаат поради глобалните климатски промени се загрозените видови, како што се поларната мечка, носорогот, слоновите и тигрите.

Време е да се обединиме и да го направиме светот подобро место за сите животни, овозможувајќи им добри услови, недопрена природа и слобода.

Прегледи:
472
Објавено на:
04.10.2021