Денес е Светскиот ден за борба против ракот: Од оваа болест годишно умираат 9 милиони луѓе

4. февруари е Светскиот ден за борба против ракот преку кој треба да се подигне свеста за оваа подмолна болест и значењето на превенцијата, раното дијагностицирање и лечење.

Ракот убива повеќе луѓе од ХИВ, маларија и туберколоза заедно, а стручњаците истакнуваат дека повеќе од третина од случаите може да бидат спречени, а третина излечени со рано откривање и третирање.

  • Ракот е една од главните причини за смрт во светот, а повеќе од 9,6 милиони луѓе годишно умираат од него.
  • Сиромашните и средноразвиени земји бележат повеќе од 70% смртни случаи од рак.
  • Петте најголеми ризици за добивање рак: висок индекс на телесна маса, мал внес на овошје и зеленчук, недостаток на физичка активност, пушење и консумирање алкохол се одговорни за повеќе од третина од смртните случаи.
  • Цигарите се најголем фактор на ризик за добивање рак и се одговорни за 22% од случаите.
  • Инфекциите кои предизвикуваат рак, како хепатитис и ХПВ, одговорни се за 25% од случаите на оболување во сиромашните и средноразвиени земји.



Коментари

[fbcomments]