Категории

Денес е Велики четврток: Што велат традициите и обичаите за овој ден?

Со денешниот Велики четврток почнуваат велигенските празници. Не чека продолжен викенд исполнет со традиционалното боење на велигденските јајца и дружење со најблиските.

Денеска е Велики Четврток. Што велат традиционалните верувања и обичаи за овој ден?

Велики четврток е четвртиот ден од Страсната седмица пред Велигден. Погледнете што се традициите за овој празник и што е уште поважно за него.

Велики Четврток е нарекуван уште – чистиот четврток и во верски план е запишан од клучни библиски моменти. На Велики Четврток се одржала Тајната вечера, на овој ден Христос упатил молитва кон Бог Отецот во Гетсеманската градина и денес настанало предавството на Јуда.

Велики Четврток е еден најпрометните ден од подготовките за Велигден. На овој ден се бојадисуваат велигденските јајца кои треба да се црвени.

Првото бојадисано јајце исто така треба да е во црвено – се проценува дека бојата ја симболизира Христовата крв. Со него, додека уште не е скршено најстариот член на семејството црта крст на челото на најмалите, за да бидат здрави во текот на годината. Освен тоа првото јајце се остава пред иконата во домот, за да не штити од зли сили, да носи здравје, среќа и успех.

 

Според традицијата во минатото на Велики Четврток жените поминуваат најмногу време во кујната. Тогашнајвозрасните жена во семејството замесува велигденски леб, нарекуван уште богова пита, велигденски кравај или квасник).

Велигденските леб е обреден леб и се украсува со непарен број велигденски јајца.

Велат исто така, дека на полноќ на Велики Четврток небото се отвора, за да слезат кај своите блиски душите на мртвите, кои остануваат на земјата 40 дена.

Во минатото на Велики Четврток луѓето ги осветувале новите домови.

Прегледи:
819
Објавено на:
16.04.2020