Денес го празнуваме Свети Трифун: Еве што треба да понесете со вас во црква!

Денес се празнува Свети Трифун. Тој е заштитник на градинарите и на лозарите. Именден празнуваат: Трифун, Трајан, Трајанка, Трајко, Трајче.

Момчето на 17-годишна возраст со Божја помош ја излекува царската ќерка Гордана која што не можеше да ја излекува ниту еден лекар во империјата и така се стекна со огромна слава. Светиот Трифун е роден околу 225 година во Кампсада, во малоазиската област Фригија, во близината на градот Апамија. Неговите родители биле христијани и уште рано кај него ја поттикнале љубовта кон Христовата вера. Во детството чувал гуски, но уште тогаш се истакнал со исцелителска способност.

Меѓу поголемите празници кои македонскиот народ ги празнува со многу обичаи спаѓа и токму овој празник Свети Трифун. Во Охрид и Прилеп празникот е познат и како свети Трипун.

Свети Трифун се празнува на 14 февруари според новиот календар. На овој ден рано наутро се одело во црква каде што попот пеел молитва и светел вода. Од оваа вода за која се смета дека со осветувањето е ослободена од сите негативни работи и има лековита моќ, луѓето земале во шишиња и ги прскале лозјата.




Коментари

[fbcomments]