Денес го славиме Спасовден: Ден за славење и симбол на победата над смртта!

Спасовден или „Денот на спасот“ е сеќавање на денот кога Исус Христос последен пат им се јавил на своите ученици – дванаесетте апостоли. Се одбележува на 40 денови по Велигден и секогаш паѓа во четврток.

Според народните верувања Спасовден може да ја спаси куќата од неволја, а децата од болест. Затоа, на овој ден не се работи тешка работа. По христијанските народни верувања, со воскреснувањето Господ покажал како е посилен од смртта и по Велигден со нив поминал 40 денови подучувајќи ги како да ја шират верата и неговото учење.

Некои од верувањата за овој ден е тоа дека денес не треба да јадете никаква храна сѐ додека не вкусите јагода, а исто така се верува дека не треба да спиете преку ден за да не бидете уморни цела година.




Коментари

коментари