Категории

Денес ја славиме преподобна Света Петка: Ова се обичаите кои мора да ги испочитувате на овој ден

Света Петка многумина ја сметаат за заштитничка, а се верува дека посебно ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците и се обраќаат со молитва, посебно жените, за да им помогне во животните неволји.

Покрај храмовите посветени на Света Петка честопати се наоѓаат извори и се верува дека водата од тие извори е лековита и поттикнува исцелување.

Народните верувања велат дека на овој ден не смееме да переме алишта, да шиеме, да работиме напорна работа, особено жените не треба да го прават тоа. На Света Петка се случуваат големи чуда. Луѓето со здравствени проблеми го чекаат овој ден бидејќи знаат дека ќе им помогне во исцелувањето преку молитва.

Света Петка е родена во градот Епиват, кај Калитракија во Мала Азија на крајот на 10. век, потекнува од богата и побожна фамилија. Се замонашила по смртта на родителите во црквата Света Софија во Цариград, а после тоа провела години во пустина поминати во пост, молитва и самотнички живот. Според преданијата, во сон и се јавил ангел и ја упатил во татковината да ја шири верата Христова.

Прегледи:
115
Објавено на:
27.10.2021