Чек дис аут
Search

Денес ќе се одржи свеченото отворање на изложбата „Африка во Македонија“

„Ни претставува особено задоволство да вe поканиме на свеченото отворање на изложбата „АФРИКА ВО МАКЕДОНИЈА“. Изложбата е од единствен карактер бидејќи за прв пат на едно место се прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес“, велат организаторите.


Ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.

Автори на изложбата се доц. д-р Гоце Наумов и проф. д-р Никос Чаусидис. Таа се реализира во соработка помеѓу Музеј на Република Северна Македонија и Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид, Музеј на град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола и Национална установа Стоби.

На изложбата исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.




Коментари

[fbcomments]