Категории

Денес се дел од секој дом: Како настанале новогодишните лампиони?

Божиќ е посебно свечен и важен во малиот германски град Лауша во сојузната покраина Тирингија, каде што традицијата на дување предмети од стакло се пренесува од генерација на генерација уште од 19. век.

Во 1597. година постоела мала фабрика за стакло во која се произведувале чаши и стаклени предмети, но веќе во 1755. година во неа почнале да се произведуваат шупливи стаклени перли кои се користеле како накит или играчки. До ден денес, ова место успева да го одржи квалитетот и долгогодишната традиција и се смета за еден од првите кои започнале со изработка на украси за божиќни дрвца.

Но, малкумина знаат дека лампионите всушност настанале како замена за јаболки, ореви и останати слатки кои еден татко не можел да им ги купи на своите деца бидејќи бил невработен. Тогаш, се сетил божиќното дрво да го украси со шупливи стаклени лампиони.

Божиќните лампиони се создадени тука, во нашето место“, со гордост раскажува Герард Грејнер – Баер кој ја истражува историјата на традицијата, личноста заслужна што дувањето стакло од Лауша од оваа година е УНЕСКО го препознал како нематеријално културно наследство.

Прегледи:
67
Објавено на:
29.11.2021