Чек дис аут
Search


Денес се слави Свети Атанасиј Велики

На денешен ден се празнува преносот на неговите мошти и чудата произлезени од нив.

Роден во Александрија во 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар, и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. На денешен ден се празнува пренесувањето на неговите мошти, како и чудата што се случуваа над нив, а неговиот посебен празник е на 18 јануари (според стариот календар).




Коментари

коментари